İnci Gündağ
19 Јули 2017•Ажурирај: 21 Јули 2017
ЛОНДОН (AA) – За време на ископување на градилиште во Лондон, пронајден е саркофаг за којшто се претпоставува дека потекнува од римскиот период, јавува Anadolu Agency (AA).
Се претпоставува дека саркофагот пронајден во близина на пазарот Бороу му припаѓа на член на угледно и богато семејство.
Британските експерти изјавија дека саркофагот е пронајден отворен и оти капакот бил остранет, поради што постои сомнеж дека бил ограбен во 18. век.
Пронајдениот саркофаг е испратен на подетална анализа.
Експертите истакнаа дека станува збор за саркофаг од висока вредност и оти во него се пронајдени и коски, а повеќе детали ќе бидат познати по анализата.