Handan Kazancı
21 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
МЕЛБУРН (AA) – Најмалку пет лица загинаа во несреќата што се случи рано утрово кога мал авион падна и удри во трговски центар во австралискиот град Мелбурн, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи во близина на аеродромот Есендон, а премиерот на покраината Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека тоа е најлошата несреќа во цивилната авијација што се случија во Австралија во изминатата деценија.
Двомоторен авион полета од аеродромот во Мелбурн утрово во 9 часот по локално време, а кратко потоа се урна на трговски центар. Локалните медиуми јавуваат дека меѓу настраданите има американски државјани кои го изнајмиле леталото за да патуват на островот Тасманија, каде што планирале да играат голф.
Трговскиот центар во моментот на несреќата беше затворен.