Ömer Faruk Yıldız
09 Март 2019•Ажурирај: 10 Март 2019
Од почетокот на годината досега, како последица од грозницата денга во Малезија починаа 49 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за здравство на Малезија потврди дека од почетокот на годината досега во оваа земја се забележани повеќе од 28.500 случаи на грозницата денга. Тој истакна дека 49 лица го загубиле животот.
И покрај сите напори и преземени мерки, бројот на заболени е зголемен во однос на истиот период минатата година.
Најголем број заболени е забележан во подрачјето на сојузната држава Селангор. Во Малезија, во првите три месеци минатата година од грозницата денга беа заразени повеќе од 11.140 лица, а починаа 26-мина.
Грозницата денга е најраспространета вирусна болест која ја пренесуваат комарците и е значаен причинител за морталитет во многу земји од светот.