Ömer Faruk Yıldız
21 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Околу 1000 државјани на Кина се приведени во Малезија со образложение дека вршеле измама преку интернет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Дирекцијата за миграција при полицијата објавено на социјалните мрежи, приведени се околу 1000 државјани на Кина во градот Сајберџаја при малезиската држава Селангор, со образложение дека формирале банда која врши измама преку интернет.
Во соопштението се објавени фотографии и видеоснимки во врска со операцијата.