Islam Doğru
29 Јуни 2021•Ажурирај: 30 Јуни 2021
ЊУЈОРК (АА) - Бројот на луѓе што ги загубија животите како резултат на делумното уривање на зграда од 13 ката во областа Сурфсајд во Мајами, во американската сојузна држава Флорида, се зголеми на 10 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Напорите за спасување продолжуваат веќе 5-ти ден, а повеќе од 150 лица се водат како исчезнати.
Градските и државните службеници, на прес-конференција, упатувајќи повик до семејствата, рекоа дека треба да имаат надеж за нивните исчезнати роднини и дека напорите за потрага и спасување во урнатиот објект продолжуваат со полна динамика.
Џими Патронис, шефот на државната Противпожарна служба истакна дека повеќе од 300 тимови за спасување, вклучително и екипи од Израел и Мексико, работат и дење и ноќе, „Ова е настан каде што се вклучени најголем број оперативни сили на Флорида, не сметајќи го ураганот.“
Реј Џадалах, шефот на Противпожарната служба во Мајами, изјави дека напорите за спасување не се толку лесни колку што се мисли, дека екипите трагале по исчезнатите лица прецизно помеѓу стопениот челик и бетонските урнатини по пожарот што избувнал од уривањето.
Посочувајќи дека во операциите за пребарување биле користени и кучиња и камери, Џадалах подвлече дека треба да се сфати дека не е можно преку ноќ да се пристапи до урнатините на зградата со 135 станови.
- Половина од луксузната зграда со 270 станови се сруши одеднаш -
Градските власти на Сурфсајд во соработка со управата на зградата во 2018 година утврдија дека има големи структурни оштетувања на зградата изградена во 1981 година.
Тие исто така забележаа дека за поправка на распуканите столбови и распаднатиот бетон во зградата потребни се приближно 9 милиони долари.
Во кампусот Сурфсајд, северно од плажата Мајами, со население од приближно 5.600 жители, половина од 13-катната, луксузна зграда со 270 станови, ненадејно се сруши во четвртокот, на 24 јуни.