Hacer Başer
18 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Во комплексот „Ќаба“ во Мека, Саудиска Арабија, муслиманските верници го клањаа првиот заеднички намаз по забраната од седум месеци што беше воведена во рамките на мерките на борбата против ширењето на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во март властите на Саудиска Арабија забранија влез и извршување намаз во комплексот „Месџид ал-Харам“ во Мека и во Џамијата на божјиот пратеник во Медина, а саудиската државна телевизија јавува дека во светиот храм во Мека утрово заеднички е клањан сабах-намаз (утринска молитва).
Саудиските институции на социјалната мрежа Твитер објавија и фотографии од клањањето на намазот во харемот на Ќаба.
Од 4 октомври дозволена е и умра, односно посета на светите места, за саудиските државјани и муслиманите што живеат во оваа земја.
Умра за муслиманите од странство е најавена за почетокот на ноември, за кога е најавено дека џамиите во Мека и Медина ќе бидат отворени со полн капацитет.