Eşref Musa
29 Септември 2024•Ажурирај: 30 Септември 2024
ТЕЛ АБЈАД (АА) - На западниот брег на реката Еуфрат во покраината Деир ез-Зор во источна Сирија дојде до меѓусебен напад меѓу проиранските групи и американските сили, јавува Анадолу.
Според локални извори, групите поддржани од Иран сместени на западниот брег на реката Еуфрат извршиле ракетен напад врз гасната постројка „Конико“, каде што се распоредени американските сили.
На подрачјето каде што се наоѓа американската база се слушнати силни експлозии, но не е познато дали има жртви во нападот.
Како одговор на нападот, американски авиони гаѓаа воени локации на проиранските групи во квартовите Харабеш, Бурсаид и Сина во централниот дел на Деир ез-Зор и селото Хери во округот Албукамал.
Територијата на Деир ез-Зор источно од реката Еуфрат е под окупација на терористичката организација ПКК/ЈПГ која ја поддржуваат американските власти, додека центарот на градот и другите рурални подрачја се под контрола на режимот на Башар ал Асад и групите поддржани од Иран.