Ekipa
29 Јуни 2017•Ажурирај: 30 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Тереза Меј, премиерката на Велика Британија, назначи пензиониран судија да ја спроведува јавната истрага за разорниот пожар во западен Лондон, во којшто загинаа најмалку 80 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј го именуваше Мартин Мур-Бик, пензиониран судија од Апелациониот суд, да ја спроведува истрагата за пожарот во кулата Гренфел. Таа денес побара привремен извештај колку што е можно побрзо, за да се почне со дополнително дејствување.
Експертите за заштита од пожар се шокрани од брзината со којашто 24-катниот облакодер беше зафатен со пламенот. Иако вниманието е насочено кон облогата на зградата што е користена во неодамнешниот проект за реновирање, властите сакаат брз одговор, бидејќи останатите згради би можеле да бидат загрозени.
„Одлучна сум во намерата да дојдеме до правдата за сите жртви на оваа ужасна трагедија и за нивните семејства кои многу страдаа“, изјави Меј.