Gökhan Kavak
25 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
КАРТУМ (АА) - Министерката за надворешни работи на Судан, Мариам ал Садик ал Махди, изјави дека приведувањето на премиерот Абдала Хамдок е многу опасно и неприфатливо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерката Ал Махди во телевизиско обраќање изјави дека министрите не можат да остварат комуникација бидејќи се прекинати средствата за комуникација и затворени се мостовите.
Таа додаде дека е многу опасно и неприфатливо тоа што Хамдок се наоѓа на непозната локација.
Махди истакна дека соработката меѓу цивилите и војската поминува низ голем испит.
„Го отфрламе секој можен државен удар. Ќе пружиме отпор на сите цивилни методи“, изјави министерката.
Претходно, премиерот Хамдок го повика населението на мирен начин да излезе на улиците за да ја заштити револуцијата.
Се очекува и обраќање на челникот на Суверениот совет, Абдел Фатах ал Бурхан, во врска со случувањата во земјата.