Barış Kılıç,Zafer Fatih Beyaz
14 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
АНКАРА (АА) – Јавното обвинителство во Анкара, во рамките на истрагата за поврзаноста на функционери со терористичката организација ФЕТО, донесе одлука за приведување на 189 судии и обвинители, јавува Anadolu Agency (AA).
Се претпоставува дека лицата против кои е донесена одлука за приведување ја користеле програмата ByLock, која припадниците на ФЕТО ја користат за комуникација.
Се дознава дека осомничените судии и обвинители биле на функција во Министерството за правда и по судовите на територијата на цела Турција, како и дека некои од нив биле истражни судии во Врховниот и во Управниот суд.