Amina Zorniç
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев смета смета дека донесување на закон за забрана на носеше на буркини во Франција би било „неуставно и неефикасно“, и би ги зголемило тензиите меѓу заедниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа реакција на францускиот министер следува по одлуката на највисокиот управен суд, Државниот совет, да ја стави надвор од сила одлуката на градот Вилњев - Лубе за забрана на буркини.
- Буркинито стана политичко прашање -
Како што пишува британскиот „The Guardian“, „прашањето за буркини“ стана политичко прашање пред претседателските избори во Франција идната година, каде што лидерите на левицата и десницата повикуваат на закон кој го забранува „костимот за капење за муслиманки“.
Забраната ја поддржа и поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој најави повторна кандидатура и го повика законодавството да прогласи забрана за буркини.
Казенев, од друга страна, во интервјуто за дневниот весник „La Croix" тврди дека евентуалното донесување законот за забрана на буркини би било штетно.
„Тоа би било штетно и неефикасно. Исто така, тоа би можело да создаде антагонизам и непоправлива тензија меѓу заедниците. Нема потреба од нови закони, моменталниот закон јасно го претставува францускиот секуларизам“, нагласи министерот Казенев.
Осврнувајќи се на муслиманите, кои во Франција ги има пет милиони, Казенев додаде дека „тие мора да соработуваат поради толеранцијата во која сите треба да живеат“.
- Собирање на политички поени преку „буркини“ -
Казенев упати остри критики кон опозицијата, обвинувајќи ја дека се обидува да постигне политички поени во време кога земјата е на мета на низа смртоносни напади.
„Одредени опозициски лидери прават голема врева. Тие мислат дека во моменталната ситуација, во која имаме многу терористички закани, можеме да се откажеме од основните начела на правата кои се утврдени со уставот. Мислам дека тоа е погрешно”, порача францускиот министер за внатрешни работи.
Неодамна три француски града (Сиско, Кан и Ница) издадоа службена забрана за носење на буркини.
Буркинито претставува облека со долги ногавици и ракави со качулка, наместо марама, која на плажа или базен ја носат муслиманките со хиџаб.
Властите во Ница рекоа дека буркините „отворено покажуваат религиска припадност во време кога Франција е мета на терористички напади“. Властите во Кан буркинито го нарекоа „униформа која претставува симбол на исламскиот екстремизам“.
Градот Сиско воведе забрана откако на една плажа дојде до тепачка меѓу едно арапско семејство и локални момчиња поради фотографирање.
Инаку, Франција е првата европска земја која го забрани носењето на бурка на јавни места. Се проценува дека во Франција, која е дом на околу пет милиони муслимани - што претставува најголемо муслиманско малцинство во Западна Европа, само 2.000 жени носат бурка.
Франција од 2004 година го забрани носењето марама во училиштата.