Emre Gürkan Abay
14 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
МОСКВА
Француската фрегата „Оверњ“, што навлезе во Црното Море, ја следат силите на руската Црноморска флота, соопшти денес рускиот Национален одбранбен контролен центар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Силите и капацитетите на Црноморската флота почнаа да ја следат ракетната фрегата Оверњ на француската морнарица што навлезе во Црното Море“, се вели во соопштението.
„Оверњ“, фрегата од класата „Аквитанија“ на француската морнарица, е повеќенаменски воен брод со ракетно и артилериско вооружување.
Со својата напредна сонарна опрема, воениот брод е специјализиран за војување против подморници.