Servet Günerigök
14 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
ВАШИНГТОН
Енди Бешер, гувернерот на американската сојузна држава Кентаки, изјави дека во налет на торнада смртно настрадале најмалку 74 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
„Очекуваме дека ќе продолжи да се зголемува бројката на загинати“, рече Бешер.
Како исчезнати се водат најмалку 109 лица.
Гувернерот Бешер изјави дека возраста на загинатите се движи од 5 месеци до 86 години.
Претседателот на САД Џо Бајден на 15 декември ќе ја посети сојузната држава Кентаки.
Во петокот навечер и во саботата наутро торнада ги зафатија централните и јужните делови на САД, претворајќи голем број згради во урнатини.
Според американската Национална администрација за океани и атмосфера, најмалку 24 торнада во петокот ги зафатија подрачјата на Арканзас, Илиноис, Кентаки, Мисури и Тенеси.