Damla Delialioğlu
12 Ноември 2025•Ажурирај: 14 Ноември 2025
АНКАРА (АА) - Канадската Влада објави дека самитот ги собира претставниците од САД, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија, Јапонија, Европската Унија (ЕУ) и земјата домаќин, известува Анадолу.
На дводневниот самит, кој се одржува во регионот Нијагара во Онтарио, ќе се дискутира за глобалните прашања и јакнење на соработката меѓу земјите.
Канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд им изјави на новинарите дека министрите денес ќе се сретнат во рамките на работна вечера.
Ананд истакна дека ќе се разговара за прашања поврзани со стабилноста на Блискиот Исток, зајакнување на безбедноста во Индо-Пацификот и вклучување во конструктивна размена на идеи за критични приоритети, како што е одговорот на активните кризи на Хаити и во Судан.