Sayed Khodaiberdi Sadat
31 Јануари 2021•Ажурирај: 31 Јануари 2021
КАБУЛ
Двајца цивили загинаа, а 14 цивили се повредени откако минофрлачка граната лансирана од страна на талибанците падна врз куќа во авганистанската северна покраина Фарјаб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полициската дирекција во Фарјаб, Керим Јуриш, истакна дека минофрлачката граната лансирана од страна на талибанците паднала врз куќа во центарот на подрачјето Алмар во Фарјаб.
Јуриш нагласи дека во нападот загинале двајца цивили, додека 14 цивили се повредени.
Според него, цел на минофрлачката граната на талибанците биле безбедносните сили.
Тој рече дека како резултат на нападот оштетени се голем број објекти во центарот на ова подрачје.
Талибанците сè уште не дадоа изјава околу случајот.