Elvir Hocic
13 Јули 2017•Ажурирај: 13 Јули 2017
РАВАЛПИНДИ (АА) - Најмалку седум лица загинаа во поплавите и свлечиштата што во Пакистан ги предизвикаа монунските дождови, јавува Anadolu Agency (AA).
Националното биро за итни случаи во Пакистан издаде предупредување од највисоко ниво поради обилните врнежи од дожд кои се очекуваат и во наредните денови.
Од почетокот на монсунските дождови од средината на јуни досега, во поплавите во Пакистан животот го загубија најмалку 53 лица.
Причинета е голема материјална штета ширум Пакистан, а под вода останаа и улиците во Равалпинди.
Сезоната на монунски дождови на југот од Азија трае до септември.