Emre Gürkan Abay
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
МОСКВА (АА) - Најмалку четири лица смртно настрадаа, а две се повредени во пукотница што се случи денес во Регионалниот суд во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Оружениот напад се случи во текот на рочиштето на членови на организираната криминална група „ГТА“. Загинаа четири, а ранти се две лица. На местото на настанот се наоѓаат припадници на безбедносните сили, а зградата на судот е евакуирана.
Локалните медиуми јавуваат дека се убиени членови на криминалната група „ГТА“, а неутрализирани се петмина напаѓачи.