İdris Okuducu
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот министер за миграции Касим ал-Џаф изјави дека во центарот на ирачкиот град Мосул се вратиле 253.000 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Ирак, Хајдар ал-Абади на 10. јули оваа година прогласи дека Мосул е ослободен од терористите на ДЕАШ под чија контрола беше од летото 2014 година. Тој град се сметаше за главна тврдина на ДЕАШ во Ирак.
Министерот Џаф истакна дека во Мосул, од почетокот на акциите за ослободување на овој ирачки град досега се вратиле 253.000 цивили.
Според неговите зборови, се работело на отстранување на препреките за жителите да можат да се вратат во своите огништа и да реализираат и некои активности кога е во прашање повторната изградба или реконструкција на инфраструктурата. Претходно изјави дека Мосул го напуштиле 900.000 цивили.
Терористите на ДЕАШ во јуни 2014 година го окупираа Мосул, а водачот на групата Ебу Бекр ал-Багдади во големата џамија во центарот на Мосул, прогласи основање на таканаречениот калифат на ДЕАШ.
По тримесечни акции, здружените ирачки сили со поддршка на меѓународната коалиција во јануари оваа година го ослободија источниот дел на Мосул, а на 19. февруари е покрената акција за ослободување на центарот на градот, кој се наоѓа на западниот брег на реката Тигар.