Aldıjana Hadzıc
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
МОСКВА (АА) - Во Русија се одржува „ИгорМир 2017”, една од најголемите конвенции на видеоигри во светот, на која, истовремено, се одржува и саемот на стрипови, „Comic Con Russia 2017”, јавува Anadolu Agency (AA).
Активностите се одржуваат во центарот „Crocus” во Москва, а учесниците костимирани во главните ликови од стриповите, го привлекоа вниманието на посетителите.
„ИгорМир 2017 ЕКСПО” е првиот најголем руски саем за компјутери и видеоигри. Посетителите имаат можност да ги видат новитетите од светот на компјутерските игри, играчки конзоли, игри за мобилни телефони, и останат софтвер и хардвер кој се користи за забава.
Според претходниte информации објавени во медиумите, „ИгорМир” нуди сѐ она што им е потребно на љубителите на „виртуелната реалност”.
Стотици учесници интензивно работеа на подготовките за интерпретација на ликовите. Се организираат бројни натпревари, изложби, претстави, но и работилници.
Саемот и конвенцијата, кои се отворени на 28 септември, ќе траат до денес.