İdris Okuducu
15 Јуни 2017•Ажурирај: 17 Јуни 2017
БАГДАД (АА) – Ирачкото Министерство за миграција и мигранти соопшти дека 200.000 цивили се вратиле во своите домови во Мосул, откако e воспоставена целосна безбедност во источниот дел на градот, јавува Anadolu Agency (AA)
„Околу 200.000 цивили се вратија во источниот дел на градoт Мосул. Тоа се 98 отсто од жителите на источниот дел“, изјави за АА гласноговорникот на министерството, Невруз Сетар.
Сетар нагласи дека сѐ уште не започнало враќањето на цивилите во деловите на западниот дел на градот коишто се заземени од терористичката организација ДЕАШ.
Според информациите, сѐ уште траат тешките улични судири во квартовите Шифа и Стар Град, во источниот дел на Мосул.
Ирачките сили кон крајот на јануари целосно го зазедоа источниот дел на градот, а од 19 февруари се мобилизирани за да го ослободат западниот дел на градот.
Министерот за миграција и мигранти, Џасиим eл Џаф, вчера соопшти дека бројот на раселените цивили од 17 октомври, денот кога започна операцијата за ослободување на Мосул од ДЕАШ, достигна до 690.000.