Ömer Faruk Yıldız
19 Февруари 2021•Ажурирај: 20 Февруари 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Загина демонстрантката која беше погодена во главата со гумен куршум од страна на безбедносните сили за време на протестите одржани против воениот пуч во Мјанмар и против приведувањето на владините членови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Братот на 20-годишната Миа Твате Кианг која беше пренесена во болница откако тешко се повреди во главата за време на демонстрациите на 9 февруари во главниот град на оваа земја Непидо, во изјава за медиумите соопшти дека загинала неговата сестра.
„Многу сум тажен и не можам да зборувам“, рече тој во врска со смртта на Кианг.
Инаку, Кианг е првиот демонстрант кој загина како резултат на интервенцијата на безбедносните сили на сеопфатните демонстрации кои продолжуваат од 6 февруари.