Muhammed Emin Canik
14 Февруари 2018•Ажурирај: 16 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Полицијата во Еквадор запленила 1,5 тони кокаин кој шверцерите имале намера со авион да го испратат за Виена, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Еквадор соопшти дека полицијата ја пронашла дрогата и ја запленила за време на рутинска контрола на багажот во складиштето на аеродромот „Хосе Хоакин де Олмедо“ во градот Гвајакил.
Во соопштението се вели дека шверцерите кокаинот го измешале со чоколадо во прав и го спакувале во вкупно 120 пакети кои чекале да бидат товарени на авионот кој преку Њујорк летал за Виена.
Во тек е истрагата за случајот, а досега никој не е уапсен.
Полицијата во јужноамериканската република Еквадор, од почетокот на оваа година заплени вкупно девет тони дрога.