Yusuf Özcan
11 Декември 2018•Ажурирај: 12 Декември 2018
ПАРИЗ (АА) - Во протестите што „Жолтите елеци“ ги организира во Франција, од 17 ноември до денес биле приведени 4.099 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според полициските податоци, во рамките на протестите организирани од страна на „Жолтите елеци“, 4.523 лица биле пренесени во полициски станици, од кои 4.099 биле приведени.
Протестите на „Жолтите елеци“, кои започнаа на 17 ноември против зголемените цени на горивата и лошите економски услови во Франција, а потоа се претворија во гнев против администрацијата на Макрон, станаа најнасилните протести во последните години во оваа земја.
Демонстрантите, кои претежно ги сочинуваат лицата кои се преселиле во рурални подрачја поради високите наемнини во центрите на градовите во земјата, од Макрон бараат подобрување на економските услови.
Соопштено е дека зголемувањата на цените на горивата за 2019 година се откажани, но тоа не им беше доволно на демонстрантите кои потоа соопштија дека ќе продолжат со протестите.