Emre Gürkan Abay
22 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
МОСКВА (АА) - На поранешниот полициски службеник од Сибир, Русија, Евгениј Чуплински, обвинет за убиство на 19 жени, потврдена му е доживотната затворска казна, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Новосибирск ја потврди казната за Чуплински, која му ја одреди Врховниот суд на Русија во септември, а на која беше вложена жалба.
Чуплински, во периодот од 1998 до 2005 година усмрти 19 жени, на возраст меѓу 18 и 31 година. Потоа нивните тела ги исекол на парчиња и ги сокрил во разни делови во Новосибирск.
Истражниот комитет испита 5.000 лица за да стигне до убиецот. Чуплински е уапсен во 2016 година.