Şenhan Bolelli
06 Октомври 2022•Ажурирај: 08 Октомври 2022
МАДРИД (АА) - Во последните два дена на бреговите на Шпанија пристигнаа над 350 нерегуларни мигранти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На Маљорка, остров во состав на Балеарските Острови, приливот на нерегуларни мигранти е најинтензивен.
Тимови на Цивилната заштита, како и извори од локалните власти, соопштија дека на бреговите на Маљорка со осум посебни брода пристигнале 131 нерегуларен мигрант.
Оваа бројка ја надмина бројката од 350 нерегуларни мигранти кои со чамци пристигнаа на Караските Острови и на бреговите на градовите Кадиз, Гранада и Алмерија кои се наоѓаат во регионот Андалузија во јужниот дел на земјата.
Министерството за внатрешни работи на земјата соопшти дека бројот на нерегуларни мигранти кои пристигнале во Шпанија во периодот од јануари до август во 2022 година, се намали за 10 отсто во споредна со истиот период минатата година, односно изнесува 19.007.