Sayed Khodaberdi Sadat
11 Декември 2019•Ажурирај: 12 Декември 2019
КАБУЛ (АА) - Според првичните сознанија, 50 лица се повредени во нападот извршен со возило бомба во близина на воздушната база на САД во Баграм, кој се наоѓа во близина на авганистанскиот главен град Кабул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абдул Шуќур Кудуси, управител на областа Баграм при покраината Парван, истакна дека напаѓачот го насочил возилото бомба кон здравствениот центар во близина на оваа воздушна база.
Кудуси информираше дека според првичните сознанија во нападот се повредени 50 лица, а бројни куќи се оштетени.
Очевидците велат дека по нападот се слушале и пукотници во ова подрачје.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.