Adam Abu-bashal
10 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
АБУЏА
Терористичката организација Боко Харам изврши напад во североисточниот дел на африканската држава Нигерија. Во нападот животот го загубија 69 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите објавени во националните медиуми се наведува дека милитантите на Боко Харам извршиле вооружен напад пукајќи по слободен избор во селото Фодума Коломаија во федералната држава Борно.
Во нападот животот го загубија 69 лица, а многу е голем и бројот на ранети.
Исто така, запалени се голем број куќи, а убиени се и околу 300 говеда.
Нигериската Војска засега не даде соопштение во врска со настанот.
- Во последните 2 месеца неутрализирани 1.429 милитанти
Началникот на Генералштабот на нигериската Армија, Тукур Јусуф Буратаи, во понеделникот соопшти дека во операциите организирани во последните 2 месеца се неутрализирани 1.429 припадници на терористичката организација Боко Харам.
Над 20.000 лица загинаа во масовните насилни настани извршени од 2009 година досега од страна на терористичката организација Боко Харам, која во Нигерија се појави од почетокот на 2000-тите години.
Оваа терористичка организација од 2015 година досега врши напади и во соседните земји, како во Камерун, Чад и Нигер, во кои загинаа најмалку 2.000 лица.