Sayed Khodaberdi Sadat
26 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
КАБУЛ (АА) - Талибанските милитанти извршија напад врз воена караула во подрачјето на Дехен Дере, во авганистанската северна покраина Фарјаб, при што смртно настрадаа 15 припадници на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Тахир Рахмани, претседател на Градскиот совет во Фарјаб, во изјава за медиумите истакна дека настанал судир по нападот на милитантите врз караулата во Дехен Дере.
Рахмани информираше дека во судирот животот го загубиле 15 припадници на безбедносните сили и дека има жртви и од талибанската страна.
Фироз Дехендере, командант на оваа караула, нагласи дека во судирот биле повредени и 15 припадници на безбедносните сили.