Satuk Buğra Kutlugün
06 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
АНКАРА (АА) - НАТО ги повика Азербејџан и Ерменија да го почитуваат прекинот на огнот по неодамнешните судири во Нагорно-Карабах, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, вчера соопшти дека е „охрабрен од вестите за завршување на непријателствата вдолж линијата на фронтот во Нагорно Карабах.”
Во соопштението Столтенберг наведува, „ги повикувам страните да го почитуваат прекинот на огнот, да покажат воздржаност и да го спречат секое ново ескалирање на ситуацијата”.
Столтенберг наведе дека НАТО ги поддржува напорите на Минск групата која е дел од Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и претставува набљудувачко тело кое се стреми кон наоѓање мирно решение за конфликтот помеѓу Азербејџан и Ерменија.
„Двете страни треба да се вратат на преговарачката маса и да изнајдат сеопфатно решение под покровителство на ко-претседателите на групата. Не постои воено решение на конфликтот”, се вели во соопштението.
„Мирното решавање на конфликтите е едно од главните заложби на кое се обврзуваат сите НАТО партнерски земји при придружуваањето на Партнерството за мир”, се додава во соопштението.
Во текот на викендот загинаа 12 азербејџански војници и над 100 припадници на ерменските сили во судирите за Нагорно-Карабах, кои беа прекинати од страна на ерменските сепаратисти на почетокот на 1990-те години.
Ерменската паравојска го окупираше азербејџанскиот регион Нагорно-Карабах од 1993 година, слично на нелегалното окупирање на делови од Украина од страна на проруската милиција од 2014 година.
Три резолуции на Советот за безбедност на ОН (853, 874 и 884) и резолуциите на Генералното Собрание на ОН 19/13 и 57/298 се однесуваат на регионот Нагорно-Карабах како дел од Азербејџан.
Парламентарното собрание на Советот на Европа, исто така, во врска со Нагорно-Карабах, се осврнува како на територија окупирана од страна на ерменските сили.