Ruslan Rehimov
06 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
БАКУ (АА) – Азербејџан изјави дека продолжува затегнатата состојба на линијата на фронтот меѓу Азербејџан и Ерменија, Азербејџан се придржува на договорот за прекин на огнот, но Ерменија го прекшува овој договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се вели дека во согласност со договорот за прекин на огнот, војската на Азербејџан ги зајакнува своите позиции во ослободените окупирани области.
Во соопштението се вели дека тврдењето на ерменската страна за кршење на договорот од страна на Азербејџан претставува основа за нови нарушувања на договорот за прекин на огнот и нови провокации кои се очекуваат од ерменска страна, како и тоа дека ова преставува чиста пропаганда чија основна цел е за настанатата ситуација да се обвини Азербејџан.
Министерството изјави дека ерменската војска на границата и на линијата на фронтот 115 пати го наруши договорот за прекин на огнот, на што азербејџанската војска на овие провокации возврати во 120 наврати.