Nuri Aydın
21 Април 2021•Ажурирај: 22 Април 2021
АНКАРА
Американските научници открија дека животната средина можно е да влијае врз човечкиот мозок, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Сајенс дејли“ (ScienceDaily), научниците од Универзитетот „Висконсин“, во рамки на истражувањето направено со учество на 601 лице, ги испитаа ефектите на животната средина врз човечкиот мозок.
Научниците открија дека во делот за деменција во мозокот на луѓето кои живеат во заостанати населени места е забележано намалување на мозокот, додека кај другата група не е забележано намалување.
Во рамки на истражувањето, испитани се 601 лице во период од 10 години кои живеат во американската сојузна држава Висконсин.
Се истакнува дека во овие рамки, во одредени интервали се испитувани деловите за деменција во мозокот на овие луѓе и се направени различни технички испитувања како тестирање на меморија.
Ејми Џ. Х. Кинд, една од истражувачите, истакна дека не е пронајден конкретен метод за лекување на деменција, и дека е важно да се утврдат некои поттикнувачки фактори пред да напредува оваа болест.
Кинд нагласи дека добиле задоволителни докази во врска со тоа дека социјалните, културолошките и физичките услови во кои живеат луѓето имаат влијание врз деменцијата и намалувањето на мозокот.
Според неа, наодите покажуваат дека повеќе луѓето кои живеат во заостанати населени места се без заштита против деменцијата.
Таа тврди дека во тоа улога имаат и загадувањето на воздухот, лошиот пристап до здравствените услуги, животот со стрес и нездравата исхрана.
Истражувањето е објавено во медицинското списание „Невролоџи“ (Neurology) при Американската академија за неврологија.