Sayed Khodaiberdi Sadat
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
КАБУЛ
Според изјавите на очевидците, најмалку 10 лица загинаа во бомбашкиот напад во Кабул, чија цел беше најголемата болница во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за АА, талибански службеник рече дека во нападот извршен во болницата „Сердар Мухамед Давуд Кан“, во регионот Вазир Акбар Кан, има мртви, како и најмалку 20 повредени.
Службеникот, кој не сакаше да се открие неговиот идентитет, рече дека по првата детонирана бомба на влезот, вооружени напаѓачи влегле во болницата и отвориле оган.
Откако првата бомба експлодираше пред болницата, во околината се слушна и втора експлозија.
Иако талибанскиот службеник не ги прецизираше бројот на мртвите, очевидците за новинарот на АА рекоа дека имало повеќе од 10 жртви.
Пациентите од болницата што беше цел на нападот биле префрлени во други болници.
Засега нема информации кој стои зад нападот.