Riyaz Khaliq Khaliq
05 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
ТОКИО
Најмалку 80 лица сè уште се водат како исчезнати по разорните свлечишта што се случија во текот на викендот во јапонскиот крајбрежен град Атама, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Околу 1.500 припадници на спасувачките служби трагаат по исчезнатите под урнатините на уништените куќи и под камењата во познатото одморалиште, јавуваат локалните медиуми.
Во свлечиштата настанати како последица на обилните врнежи срушени се околу 130 куќи и згради.

Најмалку три лица загинаа, а околу 550 лица ги напуштија своите домови и се сместени во хотелите и приватните центри.
Според официјалните информации, во текот на викендот се спасени најмалку 23 лица.
Атами е необично приморско одморалиште во префектурата Шизуока, околу 100 километри југозападно од Токио. Подрачјето што е погодено, Изусан, вклучува топли извори, станбени подрачја, трговски улици и познато светилиште.