İdris Sülün
05 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
АНКАРА
Облаци од чад се искачија на висина од 2,5 километри од вулканот Тал, лоциран на островот Лузон на југот на Филипините, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на страницата „Coconuts“, поради активноста на вулканот Тал, еден од најмалите активни вулкани во светот, алармантноста останува на трето ниво.
Набљудувачите емитуваа слики од густ облак чад што се креваше од кратерот на вулканот кон небото.
Во билтенот на филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија беше споделена информација за 2,5 км високиот облак предизвикан од вулкански гас.
Во областа која е затворена, рибарите се предупредени да се држат настрана од езерото Тал, а авионите се пренасочени од летање над активниот вулкан.