İlker Girit
25 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Автобус влета во подземен премин во Москва, при што загинаа најмалку пет лица, а 15 се повредени, велат официјални лица за АА, јавува Anadolu Agency (AA).
Руските официјални лица објавија дека инцидентот кој се случи на влезот на метро станицата „Славјански Булевар“ во западна Москва не бил поврзан со тероризам, велејќи дека бил предизвикан од возачот на автобусот, кој ја изгубил контролата на управување со возилото.
Започната е истрага во врска со инцидентот.