Nuri Aydın
24 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
КАТМАНДУ (АА) - Земјотрес со јачина од 5,9 степени се почувствува во подрачјето на Баџура во регионот Судурпашчим во Непал. Според првичните сознанија животот го загуби едно лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Управителот на областа Баџура, Пускар Хадка, истакна дека во подрачјето се случил земјотрес со јачина од 5,9 степени.
Хадка информира дека во земјотресот според првичните сознанија загинало едно лице, а голем број лица се повредени.
Тој нагласи дека службите од полицијата и брзата помош се упатиле кон ова место што се наоѓа 400 километри северозападно од непалскиот главен град Катманду.
Според него, неколку плевни и фарми останале под земја како резултат на земјотресот.
Хадка истакна дека не можат да добијат информации од неколку села зафатени од земјотресот.
Во ова подрачје во кое се наоѓаат највисоките планини во светот, често се случуваат земјотреси.