Büşra Selvi Öğütcen
30 Мај 2022•Ажурирај: 31 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Откриени остатоците од авионот со 22 лица, кој исчезна вчера во планинскиот дел на Непал, а пронајдени се безживотните тела на 16 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „India Today“, врз основа на информациите добиени од непалските полициски службеници, авионот на компанијата „Tara Air“, кој полетал од Покхара за да стигне до планинскиот град Џомсом вчера, по некое време го изгубил контактот со кулата и се урнал во планината Тасанг, во регионот Мустанг.
Властите соопштија дека во авионот со кој летале 19 патници и 3 челнови на екипажот, пронајдени се безживотните тела на 16 лица.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Фадиндра Мани Покрел, изјави дека според првичните проценки, нема преживеани во несреќата.
Покрел соопшти дека официјалното соопштение за несреќата ќе биде објавено подоцна.
На местото на настанот продолжуваат активностите за пребарување.
Во вчерашната изјава на Управата за цивилна авијација на Непал, беше наведено дека авионот на компанијата „Tara Air“,, кој летал од Покхара кон планинскиот град Џомсом, изгубил контакт со кулата набргу по полетувањето.
Потрагата по авионот, која започна околу градот Кабанг во регионот Мустанг, беше прекината поради ноќта и лошите временски услови.
Во авионот со 22 патници и членови на екипажот, четворица биле Индијци,а двајца Германци.