Gökhan Kavak
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
АБУЏА (АА) - Во операција извршена против терористичката организација Боко Харам во западноафриканската земја Нигерија се убиени најмалку 10 нејзини припадници, јавува Anadolu Agency (AA).
Полковникот Онјема Начукву, заменик директор за односи со јавноста на операцијата „Lafiya Dole“, во изјава по операцијата информираше дека најмалку десет припандици на оваа организација се убиени.
Заедничката операција, која беше извршена од страна на војниците на Нигерија и Камерун, спроведена e во сојузната држава Борно, во североисточниот дел на Нигерија.
Во рамките нa операцијата запленети се голем број коњи и оружје.
Оваа терористичка организација своите активности ги започна во првите години на 2000 година, а од 2009 започна со акции на масовно насилство, откако нејзиниот лидер Мухамед Јусуф почина во притвор.
Поради судирите и нападите на терористичката организација стотици илјади лица се принудени да мигрираат.