Adam Abu-bashal
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
АБУЏА
Во сојузна држава Кадуна во западноафриканската земја Нигерија пронајден е мртов киднапираниот католички свештеник, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Католичката црква „Кафанчан“ соопшти дека еден од двајцата католички свештеници киднапирани на почетокот од овој месец во регионот Лере во државата Кадуна е пронајден мртов.
Во соопштението се наведува дека Донатус Клеофас, вториот киднапиран свештеник, успеал да избега од рацете на киднаперите.
Иако киднапирањето луѓе во Нигерија се казнува со смртна казна, тоа е чест случај во земјата.
Во рамките на борбата со зголемените безбедносни проблеми во земјата, забрането е да се плаќа на вооружените лица за откуп на киднапираните.