Gökhan Kavak
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
АБУЏА
Во Нигерија спасени се околу 100 жени и деца киднапирани од вооружени лица за два месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ајуп Елкана, директор на државната полиција „Замфара“ на северот на земјата, во изјавата за медиумите рече дека околу 100 жени и деца се спасени на северот на земјата во рок од два месеци.
Елкана додаде дека овие луѓе не се добро нахранети, а облеката им е искината.
Истакнувајќи дека 19 од спасените заложници се бебиња, Елкана рече дека 21 од нив се деца на училишна возраст.
Вчера беше соопштено дека спасени се 21 ученик киднапирани на 31 декември во регионот Бакура во државата Катсина.
- Во земјава не може да се спречат киднапирањата
Бизнисмени, политичари, свештеници, странски работници и студенти се киднапираат за откуп во Нигерија, една од најголемите африкански економии.
Иако казната за киднапирање за откуп во Нигерија е смрт, овие злосторства не можат да се спречат.
Според извештајот „Сектор за киднапирање во Нигерија“, за ослободување на лицата киднапирани во Нигерија во периодот од 2011 до 2020 година е платен откуп од вкупно 18,23 милиони американски долари, од кои 11 милиони долари се исплатени во последните четири години.