Ahmet Furkan Mercan
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
ТОКИО
Во напад на тигар во сафари парк во Јапонија се повредени три лица, од кои едно во тешка состојба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меѓу повредените во сафари паркот Насу во областа Утсуномија во провинцијата Точиги, северно од главниот град Токио, се две жени, вработени во сафари паркот.
Инцидентот се случил додека двата тигри биле транспортирани од местото за хранење до местото каде што посетителите може да ги гледаат, пред да биде отворен паркот.
Јавниот емитер НХК (NHK) изјави дека 20-годишна девојка е тешко повредена и префрлена во болница.
По инцидентот, сафари паркот Насу, дом на 700 животни, беше привремено затворен за посетители.