Gökhan Kavak
23 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
АБУЏА (АА) - Терористичката организација Боко Харам, која во 2014 година нападна училиште во Нигерија и киднапираше 276 девојки, пушти на слобода 21 девојка, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на кабинетот на претседателот на Нигерија, Гарба Шеху, потврди дека терористите на Боко Харам ослободиле 21 девојка.
Наведено е дека во акцијата против терористичката организација во сојузната држава Борно се ослободени две лица.
Како резултат од преговорите на терористите и Владата на Нигерија, на 13 октомви исто така беа ослободени 21 девојка. Терористичката група Боко Харам во април 2014 година, во североисточната нигериска покраина Чибок, во државата Борно киднапираше 276 девојки.
Ова масовно киднапирање го шокираше светот и првпат го привлече вниманието на светската јавност кон активностите на Боко Харам во Нигерија.
Оттогаш побегнаа десетици девојки, а нешто помалку од двесте и понатаму се во заложништво.
Милитантите на Боко Харам бараат од Владата на Нигерија да бидат пуштени од притвор нивните милитанти во замена за девојките.