Ekipa
03 Јуни 2022•Ажурирај: 04 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Нов Зеланд денеска го отвори Центарот за спречување и спротивставување на насилен екстремизам, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата, премиерката Џакинда Ардерн рече дека нејзината влада ги спроведува сите препораки на Кралската истражна комисија за терористичкиот напад во 2019 година во џамиите во Крајстчрч.
„Обезбедивме Центарот да оди подалеку од препораките на Комисијата за воспоставување програма за финансирање независни истражувања специфични за Нов Зеланд за причините и мерките за спречување на насилниот екстремизам и тероризам“, рече Ардерн.
Владата формира кралска истражна комисија да открие дали има некои недостатоци од владините агенции за нападот врз џамиите во Крајстчрч.
Извештајот од 792 страници, за кој беа потребни 18 месеци за да се состави, утврди недостатоци во системот за лиценцирање огнено оружје, како и „несоодветна концентрација на ресурси“ од страна на безбедносните агенции.
Имаше листа на препораки, вклучително промени во начинот на управување со огнено оружје, формирање нова национална агенција за разузнавање и безбедност и предлог полицијата подобро да ги идентификува и да одговори на злосторствата од омраза.
Брентон Тарант уби 51 лице и повреди повеќе од 40 во Џамијата „Ал нур“ и во Исламскиот центар „Линвуд“ на 15 март 2019 година.
Тој е осуден на доживотна казна затвор без можност за условно ослободување, прва ваква пресуда некогаш донесена во островската земја.
„По трагедијата на 15 март, на сите во Нов Зеланд им беше јасно дека мора да направиме сѐ што е во наша моќ да спречиме ова да се случи повторно. Јас верувам дека овој центар ќе ни помогне да бидеме поотворен, инклузивен и побезбеден Нов Зеланд“, рече Ардерн.