Esra Taşkın
03 Јуни 2022•Ажурирај: 04 Јуни 2022
ПАРИЗ (АА) - На оние кои како деца биле сексуално злоставувани во црквите во Франција, треба да им се исплати отштета до 60.000 евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, Националната независна управа за признавање и компензација (INIRR), основана на крајот на 2021 година, износот на надоместокот што им се плаќа на жртвите на сексуална злоупотреба во црквите, ќе го оцени врз основа на видот на сексуалното злоставување, ставот на Црквата кон жртвата и последиците врз здравјето на жртвата.
Националната независна управа го определи максималниот надоместок што црковната управа ќе треба да им го исплати на жртвите. Тој изнесува 60.000 евра.
Во земјата досега приближно 735 лица поднеле барање до Националната независна управа за материјална или нематеријална штета.
Во извештајот на Независната комисија за сексуално злоставување во црквите (CIASE) објавен во октомври 2021 година, се наведува дека 330.000 деца биле сексуално злоставувани во црквите и организациите поврзани со црквите во Франција од 1950 година.