Fuat Kabakcı
29 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
ПЕКИНГ (АА) - Јужниот дел на Филипини го потресе нов земјотрес со интензитет од 7 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (УСГС), кој првенствено информираше дека земјотресот кој го потресе градот Давао на островот Минданао во јужниот дел на Филипини бил со интензитет од 6,9 степени, подоцна изврши ревизија на овој податок и соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 7 степени.
Епицентарот на земјотресот бил во местото Пондагуитан, на длабочина од 60,1 километар. Засега нема податоци за загинати или повредени од земјотресот.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами го укина предупредувањето од можно цунами во подрачјето.
Филипинскиот институт за вулкани и сеизмологија информираше дека земјотресот бил со интензитет од 7,1 степен, а епицентарот бил на длабочина од 49 километри.
На социјалните мрежи почнаа да се објавуваат првите видеоснимки од земјотресот. Во градот Давао, на југот од Филипини, живеат 1,6 милион лица.
Филипините, кои се наоѓаат во пацифичкиот „Огнен појас“, на 15 октомври 2013 година беа потресени од земјотрес со интензитет од 7,2 степени. Во оваа природна катастрофа животот го загубија 144 лица.