Yusuf Soykan Bal,İrem Nur Şanver
21 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
АНКАРА (AA) - Новинарската академија на Anadolu Agency (AA) организира Програма за развој на млади таленти (GYGP) во рамките на која е организирана посета на Иранскиот истражувачки центар (IRAM) во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Група новинари во текот на посетата имаше можност да се информира за економијата, општествениот живот и дипломатијата на Иран.
Алптекин Ишбилир, директор на Новинарската академија на АА, истакна дека Anadolu Agency моментално објавува вести на 13 јазици и дека секогаш се обидува да биде со угнетените, дискриминарите и луѓето на кои им е потребна помош.
Додаде дека некои учесници на Новинарската академија се испратени во различни делови на светот за да научат повеќе странски јазици и да стекнат нови знаења за известувањето.
„Освен тоа, посетуваме организации, институти и установи како што е IRAM за да стекнат нови знаења и вештини", рече Ишбилир, додавајќи дека секоја инвестиција во луѓе е многу важна.
Хаки Ујгур, претседател на IRAM, изјави дека овој истражувачки центар спроведува бројни активности, вклучувајќи организирање курсеви на персиски јазик и одржување семинари за иранската култура, историја и обичаи.