Ekipa
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
ГАЗА (АА) - Новоизбраниот лидер на палестинското движење на отпорот Хамас, Исмаил Ханија, ќе остане во канцеларијата во Појасот Газа, кој веќе подолго од една деценија е под потполна израелска блокада, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ханија ќе остане во Газа којашто ќе ја напушти само доколку ситуацијата тоа му го диктира. Секако, како носител на новата функција ќе има службени посети надвор од Појасот”, изјави за АА, портпаролот на Хамас, Хазем Касим.
Поранешниот премиер Ханија вчера е избран за претседател на Политичкото биро на Хамас и на таа функција го наследи Халид Мешал, кој лидерската функција во Хамас ја извршуваше од 1996 година.
Изборот на новиот челник на Хамас е одржан со симултана видео-конференција во Газа и во Доха, во која Мешал живее во егзил од 2012 година кога по 11 години мораше да го напушти Дамаск поради војната во Сирија.