Barış Seçkin
17 Ноември 2016•Ажурирај: 18 Ноември 2016
РИМ (АА) – Според објавената процена на штетите од земјотресот што се случи во август, во централниот дел на Италија, биле предизвикани материјални штети во износ од 7 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според италијанската новинска агенција АНСА, пресметан е износот на штетата од земјотресот со јачина од 6 степени, кој се случи на 24 август, во градовите Аматриче и Аккумоли, во централниот дел на Италија.
Исто така, во веста се вели дека италијанските официјални лица вчера го објавиле извештајот со цел да добијат средства од Фондот за солидарност на ЕУ. Во извештајот се нагласува дека предизвиканата штета од земјотресот на 24 август изнесува 7 милијарди долари.
Од друга страна, бројот на загинатите вчера беше зголемен за уште едно лице, така што вкупниот број на загинатите се искачи на 299 лица. Земјотресот предизвика големи штети во градот Амариче. Вчера почина една 74-годишна жена која беше извлечена од под урнатините на хотелот „Рома“.