Gökhan Kavak
28 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
АБУЏА (АА) - Од затвор во покраината Аква Ибом во Нигерија вчера побегнале 47 затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на покраинската полиција Огабајие Џ. Огабајие изјави дека синоќа од затвор во покраината на југозападниот дел на земјата побегнале 47 затвореници.
Истакна дека затворениците побегнале така што со секири го пробиле ѕидот.
Секирите наводно ги зеле од кујната откако го совладале помошниот персонал.
Полицијата до сега пронајде четири безживотни тела на пребегнатите затвореници, додека седум уапсила.
Сеуште трае потрагата по 36 затвореници.
Покрената е истрага за да се утврдат сите детали во врска со споменатиот инцидент.