Onur Usta
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
КИНШАСА (АА) - Како последица на епидемијата на колера којашто се појави во Демократската Република Конго минатиот месец, починаа 117 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за здравство соопшти дека во источните делови на земјата од 11 јули од колера се заразени 3.140 лица, од кои 117 починале.
Иако е сѐ поретка појавата на нови случаеви на зараза, постои можност епидемијата да се прошири и на другите делови од земјата.
Организацијата Лекари без граници (MSF) соопшти дека до епидемија на колера дошло поради недостаток на хигиена и питка вода.
Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека минатата година во таа земја 18.000 лица биле заразени со колера, и дека починале 517 заболени.